Поврзете се со нас

Шпанија

Гави забележал спектакуларна физичка промена во периодот на рехабилитација (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Гави дефинитивно ќе беше сигурен стартер во шпанскиот тим доколку беше достапен за селекторот Луис Де ла Фуенте, но наместо да се радува на првото Европско првенство, талентираниот тенисер доживеа шок од кој се уште се опоравува.

Младиот играч за врска заработи тешка повреда на коленото и ја пропушти цела сезона со Барселона, а беше јасно дека и летниот период ќе го мине во рехабилитација.

Гави полека доаѓа до завршна фаза од опоравувањето на предниот вкрстен лигамент, но последната објава која ја има на социјалните мрежи предизвика големо внимание.

Талентираниот Гави очигледно напорно работел во теретана во изминатите неколку месеци, па забележал и спектакулара промена која сигурно ќе му донесе цврстина и истрајност на теренот.

Гави добил значаен волумен и мускулна маса, па покрај тоа што работел на мускулите на нозете, ги оформил и сите мускули на горниот дел од телото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни