Шпанија
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси

Барселона покажа моќ и лесно се справи со Бетис во осминафиналната рунда во Купот на Шпанија.
Домаќинот имаше свое шоу на „Монжуик“ и славеше со 5-1 во средбата во која во центарот на вниманието беше талентираниот Ламин Јамал. Офанзивецот беше расположен за игра, беше постојана опасност за противникот, забележа гол и асистенција, а по средбата доби големи комплименти од соиграчот Гави како и тренерот Ханси Флик.
-Да, тој е најдобар на светот. По Меси е најдобар, -порача Гави.
-Знаете, Гави е многу емотивен, така што и јас ќе кажам да. Можете да го видите. Мислам дека во големите натпревари гледате големи таленти и тој тоа го покажа многу пати. Тој е на навистина добар пат. Но, ние мора да се грижиме за него, -рече Флик кој е среќен што тимот соодветно одговори по триумфот во Супер Купот на Шпанија.
-За нас, денешниот ден беше многу важен по големата победа против Реал Мадрид. Беше многу добро да се види како се враќа целиот тим бидејќи патуваме [од Саудиска Арабија] и трениравме дури вчера. Затоа, добро е да се види ова, како играме денес, настап од почеток. Ја контролиравме играта и ова е навистина прекрасно да се види како им оди.
-Големата цел [е да се игра вака во Ла Лига]. Одиме натпревар по натпревар, секако дека во сабота е следниот против Хетафе. Сакаме да играме и да бидеме подготвени за тоа и да победиме, -порача германскиот стратег.
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет13 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција11 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони15 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Англија24 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…