Поврзете се со нас

Шпанија

Гави со „Винисиус провокации“ ги омаловажуваше играчите на Хетафе (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона направи нов чекор назад во битката за титулата во Ла Лига и вчера одигра само 1:1 против Хетафе, тим кој во последно време стана традиционално незгоден за каталонскиот гигант.

Последниот триумф на Барса на „Колисеум Алфонсо Перез“ датира од 2019-та година, а тоа не се промени ниту вчера иако тимот на Ханси Флик поведе во раната фаза.

Хетафе успеа да се врати и потоа макотрпно да го одбрани својот гол, период во кој имаше и голема тензија и доста турканици на теренот.

Левиот бек Балде се пожали дека бил жртва на расистички навреди од трибините, но со поплаки за играч од Барселона излегоа и домашните фудбалери, а во случајот станува збор за Гави.

Младиот играч за врска на Барселона во неколку наврати влезе во конфронтации со ривалите, па покрај лошите зборови за Јелу, на дел од противниците им велел дека ќе испаднат во Втора лига.

– Кој си ти, кој си па ти…… Премногу си лош, едноставно си премногу лош, – му порачал Гави на Јелу, додека Хуан Иглесијас откри какви зборови употребувал Гави во моментите кога со раката си ја криел устата.

– Гави ни велеше дека ќе одиме во Сегунда, но додека го правеше тоа, си ја криеше устата со рацете. Ако е толку голем, му велев да го каже тоа без да се крие со раката. Најголема болка за нив е тоа што никогаш не можат да освојат три бода против нас, – изјави Иглесијас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни