Поврзете се со нас

Шпанија

Гави потпиша нов договор со Барселона, но ќе почека за поголема плата

Објавено

на

Барселона и Гави неодамна ги договорија условите за новиот договор на фудбалерот, но младата ѕвезда на Каталонците се уште не видела финансиски подобрувања од истиот.

Договорот е депониран во Ла Лига, но таму не е регистриран поради финансиските ограничувања на Барселона.

Блокирањето доаѓа поради фактот што со новиот договор клубот ги надминува достапните средства за плати во текот на една сезона.

Раководството на Барселона постојано прави потези со кои ја подобрува ситуацијата, но Гави засега ќе мора да почека на повисока плата во својот клуб.

Пензионирањето на Пике и заминувањето на Депај очигледно не се доволни бидејќи има и други промени во однос на буџетот, па Гави останува на договорот потпишан како младинец. По комплетирањето на процедурата, младиот фудбалер ќе го преземе и дресот со број 6.

Во слична ситуација се и Балде и Араухо, чии договори чекаат на регистрација од Ла Лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни