Поврзете се со нас

Светски првенства

Гави изведе брилијантен технички потег на средината, шпанските фанови го скандираа неговото име (Видео)

Објавено

на

Иако има само 17 години, Луис Енрике има неверојатна доверба во квалитетите на Гави, за што најдобар доказ е тоа што го става во стартната постава на натпревари кои се од круцијално значење.

Во директната пресметка за првото место во групата кое носи пласман на Светското првенств, Шпанија ја победи Шведска со голот на Алваро Мората (1:0) и ја завери својата мундијалска виза, успех во кој значаен удел одигра и младата ѕвезда на Барселона.

Гави прикажува сензационална умешност и стабилност за своја возраст на највисока сцена, па така една негова акција од почетниот дел од мечот предизвика ерупција во Севилја.

Фудбалските фанови го скандираа името на Гави по еден брилијантен технички потег на средината на теренот, кога маестрално одговори на притисокот и пресингот од противничките фудбалери.

Овој потег брзо стана доста споделуван на социјалните мрежи, а уште повеќе и меѓу медиумите откако Шпанија обезбеди место на Светското првенство во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни