Поврзете се со нас

Шпанија

Гави имал успешна операција на коленото, го очекува долга пауза од терените!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Шпанскиот репрезентативец, Пабло Мартин Паез Гавира или попознат само како Гави имал успешна операција на коленото, соопшти неговиот клуб Барселона.

Гави настрада носејќи го дресот на националниот тим и тоа на пресметката со Грузија каде со солзи во очите го напушти теренот. Веднаш стана јасно дека се работи за нешто сериозно, деталните лекарски прегледи го потврдија најлошото сценарио, па тој мораше да замине под нож и му беа оперирани вкрстените лигаменти и менискусот.

Интервенцијата била направена во Барселона, а од сега почнува долг процес на рехабилитација кој ќе трае со месеци.

Тој ќе биде во аут до крајот на оваа сезона, ќе ги скокне ЕП, ОИ, поточно ако се биде како што треба ќе се врати дури наредната кампања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни