Поврзете се со нас

Шпанија

Гави им испорача вулгарна порака на критичарите кои заклучуваат дека не знае да игра фудбал (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Гави долго се опоравуваше од тешката повреда на коленото и тоа направи да го загуби својот недопирлив стартерски статус во Барселона, па во меѓувреме се јавија голем број негови критичари кои уште од времето анализираат дека нуди повеќе валкани потези, отколку квалитет на теренот.

Неуморниот играч за врска беше незаменлив во стартната постава на Чави Ернандес и тимот на Барса не можеше да се замисли без него, но после паузата која траеше речиси една година, Гави е прилично добро дозиран од Ханси Флик, кој дефинитивно не сака да ризикува со Шпанецот.

И покрај тоа што често е на клупата за резерви, Гави потенцира дека има извонреден однос со германскиот стручњак, а денеска испорача и жестока порака до сите оние критичари за неговата груба и агресивна игра.

– Многумина мислат дека не знам да играм фудбал, а јас можам да им кажам дека тие немаат е.ана идеја за фудбал! Тоа е единствената вистина, – порача Гави без влакна на јазикот.

– Очекувано е да немам важна улога како што имав претходно, но сметам дека тоа е нормално после долгата пауза која ја имав. Многумина не можат да се вратат после таква повреда, а јас се вратив на исто ниво, а можеби и подобар, – потенцира Гави пред пресметката со Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни