Поврзете се со нас

Шпанија

Гави и Лапорт презентираа страшна техника на „без да падне“, Шпанците воодушевени (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Тренинзите на професионалните фудбалери често се обична рутина пред еден официјален натпервар на највисоко ниво, но Гави и Лапорт се погрижија за најдобра најава на денешниот меч со Норвешка.

Фудбалерите на Барселона и Манчестер Сити презентираа страшна техника и направија традиционалната вежба „без да падне“ да изгледа неверојатно атрактивно, пред се поради потезите кои ги изведоа.

Гави и Лапорт стоеја на голема далечина и си испраќаат тешки топки во неколку наврати, но со својата умешност успеваа да ја задржат топката во воздух.

Видеото е објавено од официјалниот Твитер профил на шпанската фудбалска Федерација, а истото доби илјадници споделувања од фановите кои останаа импресионирани од содржината.

Шпанија оваа вечер гостува во Осло кај селекцијата на Норвешка, па доколку оствари победа ќе обезбеди пласман на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни