Поврзете се со нас

Балкан

Гатузо за „сапуницата“ со Перишиќ: Секоја одлука си носи свои последици

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hnkhajduk

Иван Перишиќ и дефинитивно го напушти Хајдук по недоразбирањето кое го имаше со Џенаро Гатузо, откако тренерот реши да го остраниот искусниот играч од тимот пред мечот со Локомотива на крајот на минатата недела.

Рино по ремито со овој тим се надополни и откри дека го изоставил Перишиќ поради тоа што фудбалерот решил да си оди од Сплит, а оваа негова искрена изјава предизвика турбуленции во јавноста, до тој степен што Иван стана персона нон грата во Далмација.

Навивачите на Хајдук се свртеа против хрватската легенда и сето тоа резултираше со брзо заминување на Перишиќ, па така денеска дочекавме ново излагање од Гатузо кој ја затвори чувствителната тема во свој стил.

– Ситуацијата е целосно чиста од самиот старт. Два дена по моето доаѓање, тој дојде во мојата канцеларија и ми порача дека сака да си оди. Му реков да остане и да размисли. Потоа заврши Европското првенство и повторно ми нагласи дека сака да си оди. Му дадов шанса да игра и да тренира, да беше друг играч, немаше да му дадам таква шанса.

– Му давав шанса, но постојано ме прогонуваше помислата дека нема да биде со нас. Секоја одлука ја почитувам, но мора да ги почитувам и другите играчи. Одлуката беше негова, јас нема да се занимавам со натписите во медиумите. Секој си носи одлуки и секоја одлука носи свои последици. Перишиќ, Ракитиќ и Модриќ се икони на хрватскиот фудбал и јас го знам тоа. Не сум луд, запознаен сум со тој факт. Му дадов шанса да тренира и да игра и покрај тоа што ја знаев неговата желба. Да беше било кој друг играч, верувајте дека немаше да добие таков третман, – тврди Гатузо.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни