Балкан
Гатузо за пристигнувањето во Хајдук: Само лудак како мене може да прифати такво нешто

Џенаро Гатузо сезонава се надева дека ќе му ја обезбеди толку посакуваната титула на Хајдук, а и самиот признава дека ја прифатил понудата на хрватскиот клуб и покрај тоа што знаел дека го очекуваат лоши услови и голем притисок во Сплит.
Во последното интервју објавено во хрватските медиуми, Гатузо зборувал за начинот на кој ја прифатил понудата на тогашниот спортски директор, Никола Калиниќ.
– Кога Калиниќ дојде во Марбелја за да ме убеди да ја прифатам понудата, знаев каде доаѓам, сите потешкотии и фактот дека цел Сплит живее за Хајдук.
– Им реков на моите соработници од стручниот штаб дека за нас ова е Реал Мадрид. Нема да размислуваме за тоа дека клубот нема помошни терени и дека условите не се идеални, туку само за тоа да работиме напорно, нешто што е императив за да стигнеме каде што сме.
– Само лудак како мене може да прифати ваква понуда, а горд сум поради тоа бидејќи чувствувам дека цел град ме поддржува. На почетокот не беше така, постоеше студен однос, но тоа е нормално, мораа да ме запознаат и сега чувствувам дека сите се со мене и во добро и во зло, – открил Гатузо.
-
Лига на шампиони18 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција24 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…