Поврзете се со нас

Германија

Гатузо за најлудата средба која ја имал со Гвардиола: Го чекав цели два дена, премрзнав од студот во Минхен

Објавено

на

Foto:twitter.com/OM_English

По неуспешната авантура која ја имаше Валенсија, Џенаро Гатузо направи едногодишна пауза пред да добие нова интересна понуда, а веќе неколку месеци тој е лидер на проектот на Марсеј.

Италијанскиот стручњак го презема тимот во многу тежок период и успеа да донесе позитивно влијание во соблекувалната, па поради тоа полека почна да се опушта и да прави подолги интервјуа за угледните француски медиуми.

„Лекип“ го објави интересниот разговор со легендарниот играч на Милан и посебно се задржа на почетоците на неговата тренерска кариера, старт во кој веќе има кажано дека многу му помогнале елитни тренери како Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти.

Рино беше дел од тренинг камповите на Шпанецот и Италијанецот и од прва рака се запознаваше со методите кои ги практикуваат, но кога ќе се наврати назад, открива дека посебно луда му била средбата со Гвардиола во Германија.

– Гвардиола остави белег врз мене уште додека бев играч. Кога игравме против неговата Барселона, трчав 95 минути и само три или четири пати ја допрев топката. Не можев да сфатам што се случува и сакав одблиску да видам што прави. Почнав да се интересирам, да ги студирам работите и гледав што прави.

– Кога почнував како тренер, отидов да ги учам неговите методи во Минхен. Го чекав речиси три дена пред вратите на тренинг центарот на Баерн, чекав да помине со неговиот автомобил. Никогаш не сум барал ништо од никого, па така беше и тогаш, не се најавив. Ме позна кога пројде крај нас, но тоа се случи после цели два дена. Бев премрзнат од студ, – открива Гатузо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни