Поврзете се со нас

Италија

Гатузо за конфликтот со Лозано: Нема да дозволам некој да ми го уништува тренингот!

Објавено

на

Џенаро Гатузо доживеа голем шок откако почина неговата сестра, но брзо мораше да им се врати на обврските во Наполи, бидејќи екипата се најде во завршницата на италијанскиот куп.

Откако неговиот тим го елиминира Интер, утре во финалето се среќава со Јувентус, а Гатузо вели дека го респектира противникот и се надева дека Наполи ќе ги искористи своите силни страни.

– Не постои добро време да играш против Јувентус, мислам дека е дел од нивната ДНК секогаш да бидат подготвени. Мора да ги респектираме, но и да ги искористиме своите најдобри страни, – вели тренерот на Наполи.

Гатузо бил прашан и за потегот со кој го прекинал последниот тренинг и го испратил дома Мексиканецот Лозано, кој наводно не се залагал доволно.

– Секој кој се чувствува уморно или не е ментално подготвен, според мене може да остане во соблекувална и да го пропушти тренингот.

– Сите знаат дека кога си на тренинг со мене, мора да го даваш максимумот. Нема да дозволам некој да го уништува тренингот, – рекол Гатузо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни