Поврзете се со нас

Италија

Гатузо веќе зборувал со Артур, Јувентус и Валенсија ги прецизираат деталите

Објавено

на

Артур деновиве ќе биде промовиран во засилување за Валенсија, а тренерот Џенаро Гатузо ќе го добие фудбалерот за кој се бореше изминативе недели.

Јувентус прави чистка во средниот ред со цел да го доведе Леандро Паредес, а Артур ќе оди на заем во Валенсија.

Двата клуба ги финализираат преговорите за целата зделка, а се чини дека Јувентус сепак ќе треба да покрива дел од платата на Бразилецот, кој во спротивно би бил преголем товар за клупскиот буџет на „лилјаците“.

Гатузо веќе разговарал со Артур, пренесувајќи му ја својата визија за претстојната сезона, а за играчот за врска ова ќе биде можност да се наметне.

Валенсија ќе го добие Артур на чиста позајмица без отштета, а ќе има клаузула со која ќе може да го откупи неговиот договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни