Гатузо: Уште се чувствувам како привремен тренер

rino-udine

Тренерот на Милан Џенаро Гатузо вели дека сè уште се чувствува како привремен тренер, но и покрај тоа ѝ е благодарен на управата што му даде шанса.

Гатузо зборуваше со италијанските медиуми во пресрет на дуелот со Лудогорец во Лига Европа.

– Сè уште се чувствувам како привремен тренер и сакам да му се заблагодарам на менаџментот што ми ја даде оваа шанса. Јас имам само 4о години и немам големо искуство, но веќе сум бил тренер претходно. Чест ми е што сум тука и за тоа најзаслужни се Фасоне и Мирабели – кажа Гатузо.

Facebook Коментари