Гатузо: Срамота е тоа каде Наполи се наоѓа, овој тим има…

gatuzo

Џенаро Гатузо од денеска и официјално е нов предводник на италијанскиот прволигаш Наполи каде ќе има за цел да го врати тимот на позитивни патеки и да ја подобри позицијата која екипата ја има во моментов во Серија А.

Рина на сегашната функција доаѓа на местото на Карло Анчелоти за кого пак новиот стратег на наполитанците имаше само пофални зборови.

-Анчелоти ми е како татко. Тој секогаш беше близу до мене и ме поддржуваше. Тој има толку многу освоени, јас имам уште многу да докажам. Целта е да ги повратиме бодовите и да се вратиме на позициите кои водат во Лигата на шампионите. Треба да работиме напорно, да освоиме поени и да минеме низ овој незгоден период, -истакна Гатузо и додаде:

-Срамота е тоа каде Наполи се наоѓа на табелата.  Овој тим го има она што е потребно за да се заврши во Топ четири. Тимот е свесен за тешката состојба и сака да биде добар. Јас сум охрабрен. Не се плашам од ништо. Знам дека ќе работам со искусни луѓе. Се надевам дека ќе добијам резултати, -заклучи Џенаро.

Facebook Коментари