Поврзете се со нас

Балкан

Гатузо првпат се избричи после 22 години, Хрватите почнаа да се шегуваат со него: Изгледате како дете (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/hajduk

Џенаро Гатузо брзо ги освои симпатиите во Хрватска и успева да привлече внимание и со своите постапки надвор од теренот, бидејќи тренерот на Хајдук се обидува да одговори на сите позитивни акции кои се водат во Сплит.

Италијанскиот стручњак ги воодушеви луѓето од Далмација со учеството во разноразни хуманитарни акции, а оваа последната направила да го видиме во издание во какво не се памети повеќе од 2 децении.

За да одговори на најдобар можен начин на „Брада аукција“, Рино одлучил да ја избричи брадата после цели 22 години, вест која брзо стана топ тема во Хрватска.

– После 22 години, тренерот на првиот тим, Гатузо реши да ја избричи брадата за хуманитарната акција „Брада аукција“ со која се собраа повеќе од 10 илјади евра.

– „Брада аукција“ е хуманитарна акција која го промовира машкото здравје. Само оваа година се прегледани повеќе од 350 мажи, избричени се 250 мустаќи и бради и собрани се околу 150 илјади евра во борбата против рак во градовите Сплит, Винковци и Пула, – гласи објавата на Хајдук.

Во приложеното видео, човекот кој го бричи Гатузо на крајот реши и да се пошегува со Италијанецот, бидејќи откако целосно го остави без брада, му порача дека изгледа како мало дете.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни