Италија
Гатузо продолжи по рецептот „топло-ладно“, Елмас одигра 10 минути (Видео)

Наполи цела сезона оди по рецептот „топло-ладно“ и Џенаро Гатузо е свесен за таквиот тренд, нешто што продолжи и на денешниот натпрвар против Беневенто кои „наполитанците“ сосема заслужено го добија.
По големото европско разочарување и елиминацијата од Гранада, Наполи денеска им се врати на победите во Серија А и останува блиску до топ четири пласманот во домашното првенство, откако не му даде никаква шанса на Беневенто на „Диего Армандо Марадона“ стадионот.
Дрис Мертенс се врати во стартната постава и постигна гол за 1:0 во првото полувреме во кое домаќинот доминираше, а потоа беше поништен гол на Зиелински поради офсајд.
Во второто полувреме, Наполи продолжи да притиска и погоди преку Политано за 2:0, а единствена црна дамка беше тоа што Кулибали доби црвен картон во 81-та минута.
Веднаш после ова, Елиф Елмас доби шанса и влезе во игра на местото на Мертенс, но во наредните 10 минути, немаше промена на резултатот и натпреварот заврши 2:0.

- Италијапред 16 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 16 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 15 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 15 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 15 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 17 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 12 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 17 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)