Поврзете се со нас

Лига Европа

Гатузо призна дека не му се допаднала реакцијата на Елмас откако му ги посочил грешките: Мора да се подобриме во овој сегмент

Објавено

на

blank

Наполи оствари крајно лош резултат во Шпанија и со негатива од 2:0 се врати од „Лос Карменес“, стадион на кој италијанскиот калчолигаш претрпе пораз од екипата на Гранада.

Џенаро Гатузо одново имаше огромни проблеми при составувањето на тимот поради повредите во својот ростер и тоа веќе се претвори во традиција за него оваа сезона, па популарниот Рино не пропушти да нагласи дека составот е крајно лимитиран и десеткуван во ситуација кога треба да се натпреварува во континуитет на секој три дена.

По победата над Јувентус во дербито, поразот од Гранада со 2:0 никој не го очекуваше и посакуваше, но Гатузо вели дека повредите не треба да бидат изговор.

– Мора да бидеме попрецизни, создадовме доста шанси и заслуживме подобар резултат, но не го остваривме поради лоши одлуки. Нема потреба да зборуваме дали имаме шанси за пресврт, наша цел треба да биде што е можно побрзо враќање на играчите. Ни недостасуваат 10 или 11 играчи, Политано денеска имаше проблем и едвај дишеше. Нема да седиме тука и да плачеме, потребно е да бараме солуции, – изјави Гатузо, кој во продолжение го „подбра“ Елиф Елмас кој ги одигра сите 90 минути.

На пресот, на Гатузо му беше пренесена статистиката дека Наполи оваа сезона дури 12 пати прв примил гол, а само три пати успеал да направи пресврт. Тренерот беше запрашан дали недостасува победнички карактер и решителност во неговиот тим, по што го зема за пример македонскиот фудбалер.

– Можно е да сте во право за решителноста. Овојпат му велев на Елмас дека направи неколку грешки, а тој после тоа беше депресивен и падна на теренот. Во фудбалот, потребно е да ги ставите лошите работи на страна, да ги тргнете од своите мисли и да продолжите да мислите позитивно. Не треба да се размислува за грешката. Во право сте, ова е сегмент во кој цел тим треба да се подобри, – изјави Гатузо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни