Гатузо презадоволен од изданието на Елмас: Игра како со отров, може да го замени Инсиње!

elmas-mozes

Елиф Елмас го одигра цел меч на „Џузепе Меаца“ и беше дел од големата победа која ја оствари Наполи на гостувањето во Милано кај Интер, средба по која и самиот македонски репрезентативец беше претпазлив и не славеше премногу со оглед на тоа што има и реванш полуфинале.

Елмас синоќа доби крајно офанзивни улога и го зазема местото на Лоренцо Инсиње како лев крилен напаѓач, позиција на која досега не беше баш користен од страна на Џенаро Гатузо, кој интересно по крајот на средбата истакна дека е презадоволен од перформансиоте на македонскиот фудаблски бисер.

– Инсиње имаше проблеми дури и на натпреварот со Јувентус и Елмас се загреваше. Елиф може да ја одигра таа улога, ја има потребната сила за да игра таму, технички е поткован, но уште може да се подобри. Тој е играч кога ќе удвои, игра како да има отров, не скока и не му дава на противникот четири или пет метри за да испрати центаршут, – порача Гатузо кој очигледно е задоволен и од дефанзивните залагања на нашиот фудбалер.

Facebook Коментари