Поврзете се со нас

Шпанија

Гатузо прекина новинар на пресот: Или викај ме „Мистер“, или…… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/valenciacf

Џенаро Гатузо во саботата вечерта беше принуден да потврди едно големо заминување од Валенсија, односно соопшти дека Гонсало Гуедеш прави трансфер во Премиер лигата кој ќе надмине сума од 30 милиони евра.

Продажбата на португалскиот репрезентативец беше главна тема на прес-конференцијата која ја одржа Рино по натпреварот со Аталанта кој се одигра на „Месталја“, но покрај шпанските, имало присутни и италијански новинари.

Оној на „Скај Италија“ сега реши да сподели еден интересен момент од саботниот прес, кога на прашање на шпански новинар, Гатузо дал урнебесен одговор.

Новинарот му се обраќа на Гатузо со „господине“, по што тренерот на Валенсија го прекинува и му го порачува следното:

– Или викај ме „мистер“, или Рино…. Господинот е на небото……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни