Поврзете се со нас

Италија

Гатузо пред финалето со Јувентус: Пирло има добиено повеќе заушки од мене, отколку од својот татко!

Објавено

на

Јувентус претрпе тежок пораз во дербито со Интер и беше комплетно надигран на „Џузепе Меаца“, а три дена по непријатното искуство на „Џузепе Меаца“, тимот на Андреа Пирло нема премногу време за опоравување од шокот.

Италијанскиот првак веќе утре има нов сериозен предизвик, овојпат во финалето на италијанскиот Суперкуп кој ќе се одигра на „Мапеи Стадионот“ во Емилиња Ромања. Противник на Јувентус ќе биде минатогодишниот освојувач на Купот, тимот на Наполи, кој пак влегува во пресметката со Јуве по спектакуларната партија против Фиорентина во која даде дури шест гола.

Сепак, Џенаро Гатузо нагласи дека Јувентус никако не смее да се потцени и најлошо ќе биде ако шампионот намириса крв, бидејќи во еден финален натпревар, мотивацијата и нијансите секогаш ја прават клучната разлика.

– Никогаш не смеете да дозволите Јувентус да намириса крв. Тие доминираат во Серија А девет години, тие го имаат најсилниот менталитет во земјата и подготвени се на се, имаат искуство. Не смееме да помислиме дека страдале против Интер и дека тоа е наша предност. Никако не смееме да помислиме дека ќе се прошетаме во паркот. Јувентус има шампиони со силен менталитет, ги респектираме максимално и ќе се обидеме да им се спротивставиме со нашите сили и квалитети, – нагласи Гатузо кој во продолжение говореше за пресметката со својот добар пријател Пирло.

– Започнавме заедно на 15 или 16 години, го осовивме У21 првенството, Светското првенство, секогаш одевме на победа. Тој беше многу важен во мојата кариера, но и јас за неговата, му помогнав. Ние сме многу добри пријатели, имавме неверојатни моменти на теренот и надвор од него. Утре имаме фудбалски меч како противници, нека победи подобриот. Што и да се случи, ние ќе останеме пријатели и по последниот судиски свиреж. Пирло во своите книги пишуваше колку пати ме насамарил, но јас мислам дека му имам удрено повеќе заушки од неговиот татко. Зборувавме многу после натпреварите, но во последно време тој е позафатен. Имаме слична визија за фудбалот, сакаме акцијата да започне од одбраната и да се научиме на нешто ново, нешто што со години го практикуваа шпанските тимови, – додаде Рино пред утрешното финале во 21:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни