Поврзете се со нас

Англија

Гатузо потврди дека најскапиот играч на Валенсија се сели во Премиер лигата

Објавено

на

Гонсало Гуедеш како најголема ѕвезда на Валенсија и најскап играч на тимот не беше дел од составот за традиционалната пријателска средба на „Месталја“ со која се најавува новата сезона, што беше доволна причина да се отворат големи шпекулации околу неговото име.

Валенсија ја победи Аталанта со 2:1 на домашен терен и Португалецот не одигра ниту една минута, а Џенаро Гатузо на новинарите во Шпанија им го потврди тоа што го најавуваа, односно дека крилниот напаѓач е пред трансфер.

Рино соопшти дека Валенсија добила понуда која не се одбива од клуб од Англија, па така Гуедеш како најголема ѕвезда на тимот се сели во Премиер лигата.

– Ми се јави спортскиот директор и ми ја објасни ситуацијата со Гуедеш. Еден англиски клуб испрати формална понуда вредна многу пари и клубот мора да ја прифати. Сигурен сум дека со тие пари ќе можеме да направиме нешто за да го подобриме тимот.

– Лут сум што после еден добар меч на тимот, се зборува само за Гуедеш. Ве сфаќам и вас новинарите, но клубот едноставно не можеше да ја одбие понудата која дојде за неговите услуги, – порачува Гатузо.

Тренерот на Валенсија не го именуваше клубот чија понуда Валенсија ја прифатила, но се верува дека станува збор за сума која ќе надмине 30 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни