Поврзете се со нас

Лига Европа

Гатузо откри што се случува со Елмас и Зиелински: Ќе мора напорно да работат

Објавено

на

Џенаро Гатузо најави дека ќе направи промени во својот стартен тим за утрешниот меч против АЗ Алкмар, давајќи им одмор на дел од играчите кои истрчаа на теренот и кои беа фантастични во првото полувреме против Аталанта.

Тренерот на Наполи вели дека неговиот тим максимално сериозна ја сфаќа Лигата на Европа и покрај тоа што ќе има одредени ротации во тимот, но Гатузо беше запрашан и што се случува со Елиф Елмас и Пјотр Зиелински откако и двајцата одново не се најдоа во неговата листа.

Елмас и Зиелински беа играчите на Наполи кои први имаа позитивен тест на коронавирус, но иако во меѓувреме имаа негативен тест, Гатузо сега откри дека двајцата се уште важат за позитивни и немаат право за тренинг и настап на натпреварите.

– Во стартниот тим ќе имаме тројца или четворица играчи кои не настапија против Аталанта. Мора да правиме промени и да ротираме со ваков распоред, но сепак не сакам премногу да го менувам ликот на тимот.

– Зиелински и Елмас се се уште позитивни на вирусот. Искрено, се надевам дека ќе бидат негативни откако ќе истече 21 ден. После тоа, ќе мора напорно да работат да се вратат во оптимална физичка кондиција, – изјави Гатузо на 19-от ден откако двајцата беа позитивни на Ковид 19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни