Гатузо откри што прво му текнало по шокантниот гол на голманот Брињоли: Се потсетив на Ван Бајтен

rino-faten

Џенаро Гатузо во ексклузивното интервју кое го направи за официјалниот канал на Милан направи нова анализа за шокантните случувања на гостувањето кај Беневенто, а иако тоа го направи со студена глава, популарниот Рино призна дека едноставно не можел да спие по разочарувачкото реми од 2:2 во кое неговиот тим прими гол од противничкиот голман во 95-та минута.

Брињоли се претвори во херој за Беневенто и му го донесе првиот и историски бод на овој тим во Серија А, а во најновото свое излагање, Гатузо откри дека по погодокот на голманот, прво на што се сетил бил поранешниот белгискиот стопер, Даниел Ван Бајтен.

Гатузо потенцира дека идентично чувство како она против Беневенто последен пат почувствувал во 2007 година, кога Баерн Минхен израмни на 2:2 во 93-та минута по голот кој го постигна Ван Бајтен (тогаш Милан победи во реваншот и подоцна ја освои Лигата на шампионите).

– Голот на Брињоли ми отвори непријатни сеќавања. Го почувствував истите емоции од 2007 година кога во последната минута примивме гол од Ван Бајтн во четвртфиналето во Лигата на шампионите, – открива Гатузо.

Facebook Коментари