Гатузо откри каква порака добил од Анчелоти откако му го зазема местото во Наполи

karlo-rino

Џенаро Гатузо вчеравечер беше и официјално претставен како нов тренер на Наполи, односно беше експресно брзо го пополни местот на човекот кој за него има улога на фудбалски татко.

Популарниот Рино призна дека овие изминати неколку дена не биле воопшто лесни за него, од едноставна причина што знаел дека треба да го пополни местото на Карло Анчелоти, неговиот фудбалски учител со кого има специјална врска. Комплексната ситуација која настана во Наполи направи да видиме тренерска смена и покрај пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите, а новиот тренер на Елиф Елмас откри каква класа порака добил од Дон Карло на денот кога го заземал неговото место во стручниот штаб.

– Сакав да му се јавам на Карло уште пред да дојдам во Неапол, но беше доцна и знаев дека е со семејството. Зборувавме утрото кога пристигнав во Наполи. Ова не беа лесни денови за мене, знаев дека мора да му ја појаснам мојата одлука на Карло. Како и да е, морам да кажам дека Карло уште еднаш покажа дека е прекрасна личност. Тој е како татко за мене, одиграв повеќе од 300 натпревари за него. Секогаш го барам за совет во тешките моменти и во оваа нова етапа во мојата кариера и секогаш е многу љубезен. Тоа го потврди и овој пат, ми кажа каде може тимот да се подобри и докажа дека е класа човек, – откри Гатузо.

Facebook Коментари