Гатузо: Никој во Милан не ми кажа дека мораме да се пласираме во ЛШ, тие ме…

rino

Екипата на Милан утре ја очекува гостување кај СПАЛ, натпревар на кој мора да остварат победа и притоа да чекаат позитивни резултати на дуелите на Аталанта и Интер за да се пласираат во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Тренерот Џенаро Гатузо знае дека другите клубови ја контролираат ситуацијата, но притоа потенцираше дека нивна должност е да го дадат максимумот, да победат во оваа последна битка во сезоната во Серија А.

-Мораме да ја извршиме нашата должност, битка за победа, а потоа да видиме што ќе се случи по последиот судиски свиреж. На крајот сите ќе ги прегрнам бидејќи многу им должам на оваа група играчи. Нас ни фали шлаг на тортата, имам само позитивни зборови за нив оваа сезона. Голем е влогот, ама ние ќе се бориме, -истакна Рино кој запрашан за тоа дали ќе биде несупех ако Милан не влезе во Топ 4 и дали тоа ќе има влијание врз него тој во свој стил порача:

-Да се тренира Милан е сон. Беше тешко и се надевам декаќе продолжам да го доживувам. Беше чест и сакам да продолжам во оваа улога колку што е можно подолго. Реков дека петтото место нема да биде неуспех, бидејќи ако ги погледнеме статистиките, освоивме повеќе бодови отколку во последните неколку години. Имавме многу проблеми и секогаш ги надминувавме. На хартија имаше екипи кои беа подобри од нас, ама ние сме пред нив на табелата. Вистина е испуштивме некои можности, но ова не е целосно отпишување. Покрај тоа никој во овој клуб не ми кажа дека мораме да се квалификуваме за Лигата на шампионите. Тие ме замолија тоа да го направам и тоа се обидуваме да го направиме, одиме воза вршната рунда со добри шанси, -порача Гатузо.

Facebook Коментари