Поврзете се со нас

Италија

Гатузо не се шегува, го исфрлил од тренинг големото летно засилување

Објавено

на

Мексиканскиот офанзивен фудбалер, Ирвинг Лозано пристигна во Наполи минатото лето како големо засилување на клубот.

Тогаш челниците на клубот од Неапол се радуваа на овој трансфер затоа што веруваа дека во битката за играчот го победиле гигантот Манчестер Јунајтед кој исто така беше заинтересиран за Мексиканцот.

Сепак, се чини дека доаѓањето на Лозано на „Сан Паоло“ било тотално промашување затоа што играчот воопшто не се снајде во првата сезона во клубот.

Работите за него се влошија кога во декември на клупата беше донесен Џенаро Гатузо кој речиси и да не му даде шанса на играчот во првиот тим.

Сега, медиумите во Италија пренесуваат дека Гатузо го исфрлил Лозано од тренингот затоа што офанзивецот не се залагал доволно и не бил добро расположен за време на тренинг сесиите.

По најновиот развој на настаните, голема е веројатноста Лозано ова лето да си ја побара среќата во друг клуб во кој ќе се обиде да ја врати формата која го красеше во дрест на ПСВ и репрезентацијата на Мексико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни