Поврзете се со нас

Конференциска лига

Гатузо ќе прави промени, Трајковски ќе биде стартер против Ружомберок

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hnkhajduk

Хајдук заработи многу критики поради стилот на игра и резултатите од почетокот на сезоната, односно откако е предводен од Џенаро Гатузо, па Италијанецот се надева дека впечатокот ќе биде поправен на денешниот натпревар со Ружомберок.

Хрватскиот претставник одигра без голови на првата средба во Словачка, во рамките на квалификациите за Конференциската лига, па јасно е дека фановите очекуваат победа на домашен терен за обезбедување пласман во следната рунда.

Добро информираниот „Далматински портал“ тврди дека Гатузо ќе направи неколку промени во составот, а една од нив ќе биде и уфрлувањето на Александар Трајковски во стартниот состав на сплитските „били“.

Трајковски влезе од клупата и постигна гол на гостувањето против Локомотива, а добрата форма го натерала Гатузо да смета на Македонецот уште од првата минута на сметка на некој од досегашните првотимци на Хајдук.

Хајдук меѓу двата натпревара го потресе и скандалот со Иван Перишиќ, но екипата би требало да биде фокусирана на денешниот дуел откако раководството потврди дека искусниот крилен напаѓач ќе си замине од клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни