Поврзете се со нас

Италија

Гатузо јавно прозва една ѕвезда на Наполи и побара да си оди: Нема место за него во мојот тим

Објавено

на

Џенаро Гатузо оваа вечер излезе со изјава за италијански „Скај“, интервју во кое се обиде да образложи каков е трансфер статусот на двете ѕвезди кои веќе подолго време се поврзуваат со заминување од „Сан Паоло“.

Популарниот Рино јасно му стави до знаење на Аркадиуш Милик дека е прекуброен во неговиот тим откако минатата сезоан одби да го продолжи договорот, но од друга страна пак, не ја исклучи можноста Калиду Кулибали да остане во неговиот ростер и покрај тоа што клубот е отворен за трансфер.

– Бевме многу јасни со Милик минатата сезона, побаравме да го продолжи договорот на време, но одби да го направи тоа и сега добро е запознат со нашиот став.

– Ако не пронајде нов клуб, тогаш нема да биде воопшто лесно за него. Ние купивме двајца напаѓачи и нема место за него, ќе остане на клупата, – искрено порача Гатузо и додаде.

– Кулибали има своја цена и ако клубот не ги добие парите кои ги очекува, тогаш тој нема да си замине и ќе остане со нас во новата сезона, – нагласи Рино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни