Гатузо јавно го прозва капитенот: Бонучи треба да игра подобро

rino-atalanta

По нерешените 1:1 на Милан на гостувањето против Фиорентина, тренерот Џенаро Гатузо го искоментира настапот на капитенот Леонардо Бонучи.

– Бонучи треба да игра подобро, иако е клучен играч во соблекувалната. Но, целиот тим треба да работи на враќање на самодовербата, не само тој. Тимот почнува да не се предава. Тоа е убаво да се види, дека растеме како тим – вели Гатузо.

Милан се наоѓа на 11. место во Серија А и нема победа на последните три натпревари.

Facebook Коментари