Поврзете се со нас

Италија

Гатузо: Јас сум виновен за лошите резултати

Објавено

на

blank

Составот на Наполи не игра на посакуваното ниво и веќе одредено време виси иднината на Џенаро Гатузо на кормилото на овој клуб.

Пред наполитанците е раваншот со Гранада во 1/16 финалето на Лига Европа, па ако наполитанците не направат пресврт и обезбедат место во следната фаза ова може да биде последен натпревар за популарниот Рино на сегашната позиција.

Гатузо е свесен за ситуацијата, меѓутоа има намера докрај да се бори за своето место како и за подобрување на сегашната состојба во која се наоѓа екипата од Неапол.

-Критиката е апсолутно заслужена. Ништо не оди како што сакаме. Одговорноста секако e моја. Јас сум тренер и тоа е моја вина. Нема многу за што да се зборува. Играме под нашите можности. Носиме свет дрес и претставуваме фантастичен град. Тоа мора да се промени, -вели Џенаро кој очекува далеку подобар, поагресивен пристап на неговиот момци на реваншот против Гранада.

-Мора да имаме подобар пристап отколку на првиот натпревар. Смешно ми е кога луѓето велат дека немаме амбиции во Лигата на Европа. Во очите на моите играчи ја гледам желбата за победа и ќе сториме сè за да поминеме во следната фаза од натпреварувањето, -рече тренерот на калчолигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни