Поврзете се со нас

Шпанија

Гатузо ја „пецна“ Барселона и призна дека Валенсија не може да ја плати отпишаната ѕвезда на Јуве: Немаме пари за него

Објавено

на

Џенаро Гатузо се подготвува за својата премиера во Ла Лига, бидејќи Рино како нов тренер на „лилјаците“ во недела ќе го води тимот против Џирона во првото коло во шпанската фудбалска елита.

Популарниот Рино денеска се соочи со шпанските новинари и одново говореше за случувањата на трансфер пазарот, кои воопшто не се едноставни на „Месталја“ поради сложената финансиска ситуација.

Во своето обраќање, Гатузо ја „пецна“ Барселона која донесе огромен број звучни засилувања ова лето, но кои до овој момент се уште не се регистрирани и нејасно е дали ќе можат да настапат во првото коло.

– Ние ги донесовме Кастилјехо, Лино од Атлетико и Нико Гонзалез од Барселона. Го загубивме Гонсало Гуедеш и се надеваме дека ќе најдеме замена за него до крајот на преодниот рок. Тука во Шпанија има прецизна финансиска контрола во Ла Лига и не е лесно за клубови кои имаат финансиски проблеми. Барселона ќе ја почне Ла Лига, а се уште ги нема регистрирано своите ѕвезди кои ги донесе. Залудно е да купувате некој што не може да си го дозволите.

– На нас ни се допаѓа Артур од Јувентус, но едноставно не можеме да го платиме. Залудно е да се навраќам на неговиот трансфер и да давам ветувања кои не можеме да ги исполниме. Доколку не дојде до договор, не можеме да го платиме, наше е да работиме на теренот. Имаме финансиски проблеми, но тоа ми го објасни газдата пред да дојдам тука. Валенсија ме оживеа и ќе видите дека тоа е навистина така, – изјави Гатузо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни