Балкан
Гатузо исклучи двајца соиграчи на Трајковски од првиот тим: Подобро да ми забодеа нож во грб!
Џенаро Гатузо успеа да воспостави близок и пријателски однос со најголем дел од играчите во првиот тим на Хајдук, но сепак има и такви кои не се целосно задоволни од статусот кој го имаат под водство на италијанскиот стручњак.
Во пресрет на последното коло во Хрватска во 2025-та година, Хајдук е на делба на првото место на табелата и претстојниот викенд игра против Шибеник, натпревар пред кој Рино им порачал на домашните новинари дека дел од првиот тим веќе не се Јасин Бенрау и Леон Дајаку.
Гатузо оваа одлука ја донел по минатонеделното дерби против Ријека кое заврши со резултат 2:2, но како што вели самиот, тоа можело да се насети уште пред неколку месеци.
– Пред три месеци ги примив во мојот тим, ги следев нивните настапи и нивните однесувања, а после пет разговори, сфаќаш дека тоа е готова приказна. Многу години сум дел од фудбалот, дресот и грбот на Хајдук заслужуваат голема почит. Јас како тренер имам свои правила и барам играчите да го почитуваат тоа. Мислам дека едни професионалци мора да бидат професионални во секој поглед.
– Нивниот пристап мора да биде добар и кога се победува и кога се губи. Играчите во секој момент мора да бидат подготвени да одговорат и да му помогнат на својот тим. Не треба тие да се грижат дали ќе играат, треба само да бидат подготвени за игра во секој момент. Негативност е нешто што најмалку сакам да видам кај еден мој играч. Овие двајца играчи внесоа голема негативност во последно време. Има и други кои се негативни, но овие двајца отскокнуваат. Додека јас сум тренер, попрво ќе играат деца од 15 години, отколку тие.
– Подобро да загубам меч, отколку своето достоинство. Подобро да ми забодеа нож во грб, отколку ова. Играчот мора да биде подготвен за тимот, не можеш да очекуваше дека ќе играш на секој меч само поради името. Не можам да поверувам дека некој не се радува на тимскиот успех, не е убаво да се гледа како се согласуваат сите играчи, а четири или пет се секогаш со наведната глава, – порачува Гатузо.
-
Светски првенства22 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Светски првенства10 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Светски првенства11 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија20 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Шпанија10 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Англија22 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Македонија23 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…