Поврзете се со нас

Балкан

Гатузо имал долг состанок со првиот човек на Хајдук и донел одлука за својата иднина во Сплит

Објавено

на

Foto:x.com/hajduk

Сериозниот потрес кој го стресе Хајдук како клуб неочекувано заврши со огромна победа на дерби пресметката против Динамо, и тоа на гостувањето во Загреб каде сплитскиот тим отпатува во доста лоша атмосфера.

Врачениот отказ на спортскиот директор Никола Калиниќ и јавните препукувања не беа воопшто добра увертира за вечното дерби, но избраниците на Џенаро Гатузо ги ставија сите случувања од внатрешноста настрана и понудија партија на која останаа горди верните фанови.

Хајдук славеше во престолнината со 0:1 и Гатузо по мечот најави дека не планира да ги изневери своите играчи со заминување од клубот, нешто што сега е и официјално потврдено.

– За Никола Калиниќ не може да се каже дека е лажго. Тој ме наговори да дојдам во Сплит и победата над Динамо му ја посветувам нему, – изјави Гатузо по победата над Динамо, со што јасно зазема страна и му се спротивстави на претседателот Билиќ, кој само еден ден претходно јавно го нападна доскорешниот спортски директор.

Како што јавуваат угледните хрватски медиуми, тренерот Гатузо и претседателот денеска Иван Билиќ имале состанок на кој ги смириле страстите и кој го искористиле за да ги здружат силите, по што заеднички одлучиле дека продолжуваат да си ги вршат своите обврски за доброто на тимот.

Во најавата за големото дерби, Гатузо јавно призна дека не зборува со првиот човек на клубот поради неисполнети ветувања во летниот преоден рок, но Рино решил да мине и преку ова и на крајот во позитивна атмосфера го завршил состанокот кој траел час и половина.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни