Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гатузо го подготвува Елмас како замена за неизвесниот Инсиње

Објавено

на

Наполи пред себе има сериозен предизвик со гостувањето кај Барселона, во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, закажан за во сабота.

Италијанскиот тим одигра 1:1 на домашен терен и логично има императив да постигне најмалку еден гол на „Камп Ноу“, за да се надева на пласман на завршниот турнир во Лисабон.

Најголемата грижа на тренерот Џенаро Гатузо е капитенот Лоренцо Инсиње кој се повреди против Лацио и сега е во трка со времето во пресрет на дербито со Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гатузо го подготвува нашиот репрезентативец Елјиф Елмас како потенцијална замена за Инсиње, пред се поради тоа што Елмас во кариерата има потврдено дека може одлично да се снајде на левата страна на офанзивното трио.

Во игра е и Ирвинг Лозано, но неговиот настап повеќе би го нарушил балансот на екипата при играње во дефанзива, поради што Елмас е прва опција, а Мексиканецот би бил алтернатива за резерва која треба да промени нешто во нападот доколку Наполи има проблем.

Евентуалниот настап на Елмас во ваква поофанзивна улога би била одлична можност за Македонецот да ги потврди своите квалитети во овој дел од теренот, откако во Наполи најчесто игра подалеку од противничкиот гол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни