Поврзете се со нас

Свет

Гатузо го победи Мурињо и порача: Се чувствувам како да го водам Реал Мадрид!

Објавено

на

Foto:x.com/hajduk

Хајдук ја забележа втората победа во низа во подготвителниот период за новата сезона, а денешниот меч кој се одигра во Грац привлече внимание и поради двете личности кои беа на клупата.

Џенаро Гатузо и Жозе Мурињо се одлучија за поинакви искуства во кариерите и решија да ги водат Хајдук и Фенербахче, со тоа што денеска поуспешен беше помладиот фудбалски тренер.

Гатузо се израдува на победа со минимални 1:0, а после комплетирани три седмици како лидер на новиот проект на Хајдук, Рино посочи дека се чувствува како да го води Реал Мадрид.

– Среќен сум после овие комплетирани три седмици. После 21 работен ден, се чувствувам како да го тренирам Реал Мадрид. Секое утро се будам со задоволство да работам со овие момци, многу ми се допаѓа менталитетот кој владее тука. Се работи со срце, а тоа е најважно. Ние не можеме да купиме играчи од 20 милиони евра, но можеме да направиме подобри играчи и да измислиме нови.

– Денес се сретнав со Мурињо и ми рече дека е изненаден што сум го презел Хајдук после клубовите кои ги водев последно. За мене нема никаква разлика, јас секогаш го давам истото на било кое место, – вели Гатузо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни