Поврзете се со нас

Балкан

Гатузо го одврзал ќесето и поделил вредни подароци по големата победа над Динамо

Објавено

на

Foto:x.com/hajduk

Хајдук на најдобар можен начин се опорави од турбулентниот период во клубот и отказот кој го заработи Никола Калиниќ, такашто вчера оставри важна победа на која најмногу се израдуваа верните фанови.

Во вечното дерби во хрватскиот фудбал, Хајдук како гостин го победи Динамо среде Загреб, сценарио кое никој не го очекуваше поради лошите неколку дена во Сплит, но и поради далеку подобрата форма на „модрите“.

На крајот, дерби пресметките уште еднаш покажаа дека ништо не може да се предвиди кога играат стари ривали, а Хајдук оствари минимална победа благодарение на голот на Ливаја.

Напаѓачот донесе огромна радост за навивачите и стручниот штаб предводен од Џенаро Гатузо, но по триумфот, верен на својот збор останал и Италијанецот кој достојно ги почестил сите свои фудбалери.

Како што јавуваат угледните хрватски медиуми, Гатузо им поделил нови „Ајфони“ на сите свои фудбалери од првиот тим и на членовите на стручниот штаб, нешто што ветил дека ќе го направи доколку тимот оствари победа над Динамо.

Рино поделил точно 30 нови „Ајфони“ и не штедел за да ги награди своите играчи, за кои имаше и навистина позитивни зборови по крајот на мечот.

– Играчите ја заслужија оваа победа, во изминатите два ипол месеци се работи со полна пареа. Кога дојдов тука, Калиниќ ми објасни дека Хајдук е како религија и поради него дојдов тука. Оваа победа е за него, тој е голем фан на Хајдук, не е лажливец. Зад себе како тренер имам над 400 натпревари за големи клубови, имам искуство и почувствував дека овие играчи даваат и срце и рака за мене. Не смеам да ги разочарам и затоа нема да си одам. Би бил го.но и мал човек ако сега ги напуштам овие играчи, – изјави Гатузо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни