Гатузо е посебно бесен на еден играч: Тој мора да го почитува дресот на Милан

gatuzo-3823898239

Откако Милан го доживеа првиот пораз во својата историја од хрватски клуб, тренерот Милан Џенаро Гатузо беше гневен на прес-конференцијата по мечот.

Гатузо ја презеде одговорноста за поразот од 2:0 од Ријека во Лига Европа, но го издвои Андре Силва за несериозен пристап.

– Сите ја знаеме неговата вредност, тој постигнува многу голови во националниот тим, но кога играш во вакви натпреварувања со Милан мора да придонесуваш повеќе. Тој изгледаше како да не е присутен. Кога го носиш дресот на Милан, мораш да го почитуваш – изјави Гатузо за Португалецот.

Facebook Коментари