Поврзете се со нас

Шпанија

Гатузо беснееше на дебито во Ла Лига, Валенсија победи со играч помалку (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/valenciacf

Џенаро Гатузо не доби големи засилувања од раководството на Валенсија, но и покрај тоа најави дека неговиот тим ќе се бори за секоја метар од теренот и дека ќе дава максимум на секој натпревар.

Ова беше најавено на пресот пред премиерниот меч за него во Ла Лига, кој мина онака како што можеше да се очекува, со многу енергија, но и протести за тоа што се случуваше на теренот.

Валенсија ја отвори новата сезона со победа против Џирона на „Месталја“ со резутлат 1:0, а тоа значеше дека Гатузо со триумф ја отвори својата тренерска авантура во Шпанија.

Италијанската легенда можеше да биде задоволен од изданието на неговиот тим во првото полувреме во кое Карлос Солер погоди од пенал за 1:0, но второто му донесе многу главоболки и нервоза.

Џомерт поради непромислен потег заработи директен црвен картон уште во 52-та минута, а понесен од жешката атмосфера на „Месталја“, Гатузо збесна кога жолт картон заработи Кореја четири минути подоцна. Рино му се пушти во лице на помошникот и бараше објаснувања, по што мораше да биде смируван од главниот арбитар.

Гатузо помина со опомена и доби жолт картон, па го проследи целиот меч од крај аут линијата и гледаше како неговите играчи го издржуваат притисокот и го задржуваат минималното водство од 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни