Гатузо: Анчелоти ме остави без зборови…

rino i karlo

Во текот на вчерашниот ден стратегот на Милан, Џенаро Гатузо го прослави 40 роденден кој на специфичен начин му го честитаа голем број на поранешни соиграчи, колеги меѓу кои Паоло Малдини, Кафу, Кака, Масимо Амброзини, Каха Калаѕе, Андриј Шевченко, Андреа Пирло…, но до популарниот Рино најмногу допре отвореното писмо од Карло Анчелоти.

-Драги пријатели, вие со вашите желби ме допревте. Јас бев преплавен со пораки од навивачите. Ви благодарам затоа што бевте таму кога бев играч и повторно ве најдов како тренер. Благодарам до моето семејство, доживотните пријатели и сите оние кои ме паметат. Исто така, сакам да им се заблагодарам на моите стари соиграчи за видеото што го направија за мене … За крај, што можам да кажам. Го прочитав писмото на Карло. Во тој Милан не беше само една душа, туку многу кои беа подготвени да ги надминат своите граници. Го напуштивме Истанбул со тебе и стигнавме во Атина за тебе. Ова ќе остане незаборавен роденден за мене. Со љубов, вашиот Рино, -порача Гатузо.

Facebook Коментари