Поврзете се со нас

Свет

Гати: Роналдо и ограничен е феномен, подобар од Меси!

Објавено

на

Foto:x.com/Argentina

Лионел Меси и Кристијано Роналдо одбележаа една ера во светот на фудбалот, па иако денеска не се повеќе во центарот на вниманиието како во минатото тие и понатаму одвреме навреме го привлекуваат вниманиието со своите изданија, погодоци, мајстории за Интер Мајами и Ал Наср, но и за своите селекции за кои и понатаму настапуваат.

Прашање Меси или Роналдо секогаш е интересно, предизвикува интерес, тема на која имаше што да каже Уго Гати, некогашниот голман на Ривер Плата и Бока Јуниорс, голман кој од 1966 до 1977 година собра 17 настапи за аргентинската селекција.

-Меси денеска веќе е еден помалку. Тој игра во САД. Потешко е да се игра таму (во Саудиска Арабија). Сите играат таму. Те бркаат; ќе те убијат. Кристијано, дури и ограничен е феномен. Ограничен, тој е подобар од Меси. Ограничен бидејќи го нема природниот талент на Меси, но играше за најдобрите тимови во светот.

-Каде играше Меси? Барса и репрезентацијата на Аргентина. Меси никогаш не се предизвикал играјќи за други тимови, во други земји. И тој имаше можности, знаете?, -порачал Гати кој има 80 години и никогаш во актиивната кариера не играл надвор од својата татковина.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни