Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гасперини за пресвртот на Јунајтед: Потребна им е само искра…

Објавено

на

Аталанта испушти водство од два гола на „Олд Трафорд“ и го загуби натпреварот со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, а тренерот Џан Пјеро Гасперини вели дека неговиот тим направил се што можел за да стигне до позитивен резултат.

– Не знам дали можевме да направиме нешто повеќе. Во ваква атмосфера, потребна им е само искра за да експлодираат…

– Бевме блиску до 3:1, нивниот голман одбрани, по што дојде израмнувањето. Да имав повеќе фудбалери на располагање, веројатно би издржале повеќе со позитивен резултат, а примивме три гола по сериозни грешки.

– Манчестер Јунајтед игра со многу офанзивни фудбалери кои се опасни, но остава и простор за контри. Ваквите пресврти се карактеристика на „Олд Трафорд“, не можам да избројам колку пати го направиле тоа на овој стадион, – изјавил Гасперини.

Со победата, Јунајтед го презема првото место во групата со 6 бодови, а Аталанта и Вилјареал имаат два помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни