Поврзете се со нас

Италија

Гасперини за исклучувањето во Парма: Четвртиот судија ме провоцираше

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Аталанта оствари уште една гостинска победа во Серија А, но тренерот Џан Пјеро Гасперини не го дочека крајот на натпреварот покрај аут линијата.

Искусниот стручњак набрзина доби жолт и црвен картон од главниот судија, а по мечот се пожалил од четвртиот судија, кој според него ја испровоцирал целата ситуација.

– Четвртиот судија не го тргаше погледот од мене, јас му порачав да гледа што се случува на теренот, а не во мене.

– Потоа го повика главниот судија и тој ме исклучи, очигледно некој сакаше да биде во центарот на вниманието, – рекол Гасперини.

Аталанта заедно со Интер е на врвот на табелата во Серија А, но црвениот картон за Гасперини значи дека тој нема да го води тимот на гостувањето кај Рома во следното коло.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни