Поврзете се со нас

Свет

Гасперини воодушевен од зборовите на Тухел: Навистина сум му благодарен

Објавено

на

Томас Тухел во едно од интервјуата кои ги направи за време на репрезентативната пауза не штедеше комплименти за Аталанта и посочи дека тимот на ЏанПјеро Гасперини е еден од оние кои прават да станува рано наутро и веднаш да започне со работа, изјава која сега стигна и до тренерот на составот од Бергамо.

Искусниот фудбалски стручњак ја трансформираше Аталанта во еден од најдобрите тимови во Италија во изминатите неколку сезони и направи „божицата“ од Бергамо да игра трета сезона по ред во Лигата на шампионите, а како тренер кој првпат во историјата го однесе овој тим во фудбалската европска елита, вели дека за него посебен е комплиментот кој го добил од менаџерот кој минатата сезона го подигна трофејот во Европа.

Тухел е заљубен во еден калчолигаш: Поради такви тимови станувам рано наутро и почнувам со работа!

– Без никаков сомнеж, зборовите од Тухел се еден од најпрестижните комплименти кои сум ги добил во кариерата. Тухел ја освои Лигата на шампионите, елиминираше големи фаворити и навистина сум му благодарен.

– На неговите зборови гледам како награда за добрата работа на целиот тим. Сите треба да бидеме среќни од таквата слика која ја оставаме во Европа, но не треба да се залажуваме.

– Ние сме Аталанта, ако луѓето почнат да очекуваат дека ќе го освоиме Скудетото, тоа ќе ни донесе огромни проблеми. Скудетото не е во моите мисли, ние сме понизни и одиме од меч во меч, – изјави Гасперини пред мечот со Емполи кој е утре на програмата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни