Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гасперини „удри“ по ѕвездата на Аталанта: Тој е еден од најлошите пеналџии, не требаше…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Аталанта не го одбрани домашниот терен и со нов пораз од Клуб Бриж, овојпат од 3-1 го заврши настапот во Лигата на шампионите.

И покрај негативниот резултат од 2-1 од првиот меч, составот од Бергамо беше фаворит на реваншот и се очекуваше да го притисне ривалот, да одигра далеку подобро, но веќе по првиот дел гостите водеа со 3-0 и веќе стана јасно дека ќе биде многу тешко за Аталанта да направи нешто повеќе на ова соочување.

Меѓутоа веќе на стартот на вториот дел намали на 3-1, потоа постигна гол кој со ВАР беше поништен поради офсајд за да во 61 минута добие удар од 11 метри. Одговорноста ја презема Лукман, меѓутоа ветеранот Мињоле беше поуспешен и тука како да стави точка на сите дилеми околу победникот ако воопшто ги имаше.

Домашниот стратег Џан Пјеро Гасперини беше лут на Нигериецот и удри по него по завршувањето на натпреварот.

-Лукман не требаше да го изведе тој пенал, тој е еден од најлошите изведувачи на пенали што сум ги видел. Тој искрено има ужасен улинок дури и на тренинзите, многу малку од нив ги реализира. Ретеги и Де Кетелаере беа таму, но Лукман во момент на ентузијазам по постигнувањето на голот реши да ја земе топката и тоа беше гест што воопшто не ми се допадна, -рече Гасперини кој имаше што да каже и за капитенот Рафаел Толои кој заработи црвен картон.

-Тоа беше лош момент и никогаш не смееме да ја изгубиме главата. Аталанта мора достоинствено да ја напушти Лигата на шампионите, откако одигра одлични натпревари против Реал Мадрид, Арсенал и Барселона, -порача искусниот стратег.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни