Поврзете се со нас

Италија

Гасперини: Соништата се остваруваат само ако верувате во нив

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Џан Пјеро Гасперини триумфално мина низ Торино и му нанесе историски пораз на Јувентус, тим кој вчера за првпат после 58 години загуби на натпревар на кој прими четири голови на домашен терен.

„Старата дама“ беше декласирана со 0:4 од Аталанта и последен таков резултат во Торино датира од 1967-ма година, а по неочекуваниот епилог на „Алијац стадионот“, стана јасно дека двата тима ќе имаат сосема поинакви амбиции до крајот на сезоната.

Главна цел на Јувентус останува да остане во топ четири, додека Аталанта продолжува да сонува за своето прво Скудето во историјата.

– Ова е фудбал, секогаш доаѓаат победи и порази. Не треба да се заборави дека Јувентус беше во серија од пет победи во низа во домашното првенство. Ова беше незамислив резултат за многумина, но истовремено мора да се нагласи дека имавме перфектно издание.

– Луѓето мора да сонуваат за нешто, така им оставам на фановите да сонуваат за титулата. Не смееме да престанеме да сонуваме. Можеби е невозоможно, но само ако имате голема верба, некои работи стануваат возможни. Знаеме дека Интер и Наполи се многу силни екипи, загубивме на седум меча во низа од Интер, но можеби сега е време да ги победиме, – изјави Гасперини, алудирајќи на големото дерби против тимот на Инѕаги кое се игра следниот викенд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни