Поврзете се со нас

Италија

Гасперини со луда изјава за примамливата понуда која ја има од друг клуб: Оженет сум и имам деца, но сретнав убава жена

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

ЏанПјеро Гасперини го урна митот за голем губитник во финалињата и го освои првиот голем трофеј во својата кариера, но во моменти кога му се радува на истиот, тренерот на Аталанта мораше да зборува и за својата иднина.

Искусниот 66-годишен стручњак го покори Даблин и неговата Аталанта му одржа лекција на „непобедливиот“ Баер Леверкузен, меѓутоа во овој момент никој не знае дали ќе го води тимот во Лигата на шампионите наредната сезона.

Гасперини има примамлива понуда на маса од Наполи и Де Лаурентис го гледа него како идеален за проектот на „наполитанците“, а во обид да образложи во каква непријатна ситуација се наоѓа, ЏанПјеро даде луд пример од секојдневниот живот.

– Сега е време за прослава, ќе зборувам со претседателот утре. Ќе видиме што ќе одлучиме. Се наоѓам во навистина чудна ситуација. Тоа е исто како да сум оженет со сопруга со која имам деца, но среќавам убава жена….. Можеби ова и не е баш добар пример за на телевизија…., – изјавил Гасперини.

ЏанПјеро осум години е лидер на проектот на Аталанта и вчеравечер го освои првиот трофеј, па сега останува да видиме дали со истиот ќе се прости од луѓето во Бергамо, или ќе продолжи да пишува историја во овој дел од Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни