Поврзете се со нас

Италија

Гасперини се скарал со главната ѕвезда на Аталанта: Одлучи да оди во Јувентус, се чувствуваме уценето!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Неколку часа откако италијанските медиуми пренесоа дека владдее токсична атмосфера во Бергамо меѓу Џан Пјеро Гасперини и Теун Копмајнерс, тренерот на Аталанта е тој кој реши да излезе со искрена изјава во јавноста за целата ситуација, откривајќи дека ставот на Холанѓанецот го натерало да го промени односот кој го имал кон него.

Според информациите, Копмајнерс на крарјот на минатата недела го известил тренерот дека веќе не сака да тренира со првиот тим, а причина за тоа е личниот договор кој го постигнал со Јувентус.

Холандскиот репрезентативец уште од минатата година се поврзува со „старата дама“, но очигледно амбициозниот проект на Тиаго Мота е оној кој направил клучна разлика за забрзување на процесот.

Поради последните активности, Гасперини призна дека Копмајнерс веќе нема да тренира со Аталанта, па сега се чека само договор меѓу двата клуба за да се надмине непријатниот проблем и да се реализира трансферот.

– Ситуацијата со Копмајнерс беше во најдобар ред, се до крајот на минатата недела. Играчот реши да замне во Јувентус и веќе има постигнато договор со нив. Ми порача дека веќе се чувствува стресно и побара да не тренира и да не игра со нас.

– Во такви услови, тој веќе не е од корист на нашиот тим, не е од корист на своите соиграчи. Аталанта како клуб зазема многу цврст став на оваа тема, бидејќи водечките луѓе се чувствуваат уценето од фудбалерот. Ова многу поразлична ситуација од сите досега кои сме ги имал. Клубот продаваше ценети фудбалеи на големи клубови, но не во вакви услови, – потенцира Гасперини.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни