Поврзете се со нас

Италија

Гасперини се расправаше и доби црвен картон, Аталанта со пресврт го нокаутираше Милан во четвртфиналето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Регионалното дерби меѓу Милан и Аталанта се одигра оваа вечер на „Сан Сиро“ во рамките од четвртфиналната фаза во Копа Италија, натпреварување во кое „жив“ остана тимот од Бергамо по нешто повеќе од 90 минути игра.

Со оглед на заостанувањето во Серија А и лошите изданија во Европа, Милан доста фокусирано влезе во оваа Куп пресметка и поведе со голот на Рафаел Леао, но веднаш откако Португалецот даде гол за предност, Аталанта возврати преку Копмајнерс.

Холанѓанецот експресно му одговори на домаќинот и направи на пауза да се замине со резултат 1:1, а во продолжение доста поснаодливи беа гостите.

Во првата фаза од мечот, искусниот Гасперини беше навистина нервозен и поради расправија со судијата доби црвен картон, но тоа не ги дефокусираше играчите на Аталанта кои направија пресврт без својот тренер на клупата.

Миранчук се избори за пенал на стартот на вториот дел и се избори за најдобра шанса за Аталанта, а истата во гол ја претвори Копмајнерс со својот втор гол. Погодокот во 59-та минута се покажа како клучен на оваа средба, па така Аталанта на сметка на Милан се пласираше во полуфиналето на Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни