Поврзете се со нас

Италија

Гасперини потврди каде ќе ја продолжи тренерската кариера

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Џан Пјеро Гасперини го привлече вниманието на неколку италијански клубови по уште една импресивна сезона на Аталанта, која беше крунисана со трофејот во Лига Европа.

Искусниот стручњак веќе призна дека добил понуди и посебно ја истакна таа од претходниот шампион Наполи, за вечерва да потврди дека останува во Бергамо.

– Досега бев концентриран на натпреварите кои ги игравме во неколку натпреварувања, Де Лаурентис ме почитува и благодарен сум за тоа, но во неговите мисли веројатно сум секогаш во група со уште неколку тренери.

– Наполи ќе направи свој избор, јас сум поврзан со Аталанта и така и ќе остане. Никогаш не сум рекол дека нема да му бидам верен на клубот, едноставно бев фокусиран на натпреварите, – рекол Гасперини.

Иако сега демантира, самиот тренер на „Ла Деа“ ги активираше шпекулациите со изјавата дека во моменот е како „женет човек со деца, кој среќава убава жена која го тера да размислува“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни